top of page

5 правила за ефикасен разговор со потенцијалните клиенти

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • May 15, 2018
  • 1 min read

Телефонскиот разговор со потенцијалниот клиент понекогаш е единствената шанса која ќе ја добиете за да воспоставите соработка, затоа оваа шанса искористете ја најдобро што можете. Постојат неколку важни правила за успешна бизнис телефонска комуникација кои доколку ги почитувате вашиот успех ќе биде неизбежен.

Затоа добро запомтете ги и практикувајте ги овие 5 правила:

1. Неутрализирајте ги вербалните слабости

Со дозвола на соговорникот снимете го разговорот и проучете го Вашиот говор. Луѓето многу често повторуваат зборови, како „значи“, „знаеш“, „да“, „не“ итн. Во текот на разговорот никогаш не користете дијалект од одредена област, а тоа е со цел да му се допаднете на соговорникот и секако тој да ве разбере.

2. Секогаш имајте план за што ќе разговарате

Не водете телефонски разговор, доколку не знате што сакате да постигнете со истиот. Прво, нема да го добиете целосното внимание од соговорникот, а второ не можете да дадете јасна порака.

3. Слушајте го соговорникот

Во текот на разговорот поголем е бројот на луѓето кои не го слушаат воопшто разговорот. Тоа е лошо, бидејќи не можете да навлезете во сржта на проблемот.

4. Направете пауза пред да одговорите

Пред да дадете одговор, направете пауза од неколку секунди. Соговорникот ќе сфати дека сте го слушале и дека му го вреднувате мислењето.

5.Слушајте се себеси

Во текот на разговорот, слушајте се што зборувате. Многумина размислуваат повеќе за тоа што ќе им биде одговорено.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page