top of page

Што зборува вашето тело - научете како да ги читате пораките на вашите соговорници

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Dec 27, 2017
  • 2 min read

Како успешни претприемачи важно е да знаете како правилно да комуницирате преку вашето тело, но и како да ги читате пораките кои невербално ви ги испраќаат вашите соговорници.

Познавајќи го говорот на телото ќе бидете многу поефикасни и во процесот на деловна комуникација, ќе ги подобрите вештините на преговарање, ќе можете успешно да се претставите и презентирате пред помала или поголема група на луѓе.

Како менаџери на 21 век, успешни претприемачи кои ги следат глобалните трендови на претприемништвото, едноставно мора да го научите говорот на телото.

Затоа потрудете се во текот на новогодишните и божиќните празници да научите уште една вештина која ќе ви донесе големи успеси во новата година.

Одлична можност совршено да го научите говорот на телото е преку истоимената книга "Говор на телото" од проф. др. Зендел Абедин Шехи.

Говорот на телото всушност претставува комплетен навигациски водич за невербална комуникација.

Во книгата се зборува за историјата на невербалната комуникација, нејзината природа, еволуција на говорот на телото. Универзални фацијални експресии, читање и анализирање на луѓето околу нас.

Разбирање на туѓите гестови, знаци и други фактори (сигнали и значење).

Значење на знаците (очи – движења, глава, раце далнки, ракување, нозе стапала, пресонална далечина и синхронизација). Говорот на телото, позиционирање и седење во однос на другите. Флертување, додворување, закажување состанок. Речник на говорот на телото. Фобии (психологија). Психологија на лагата. Зошто лажеме, што губиме а што добиваме?

Во книгата професорот пишува за убавината и убавиот збор на куртуазивноста и емпатија, за експресија и светот на емоции и за ред други убави нешта. Нашата секојдневна преокупација и позиција што секој од нас ја има во општеството не тера на различни конверзации со луѓе од различни профили и различни“ светови”.

Па би рекле: високоинтелигентни, сензитивни, праведни, срамежливи и тн.

Ако таквите поими ги сублимираме и вршиме некаква симбиоза без двоумење ќе поминеме во “емпатија”.

Последново “емпатија” е широк поим кој што тешко може да се дефинира.

Проф. др. Зендел Абедин Шехи се потруди на еден начин да ја претстави како способност за разбирање на емоциите на други луѓе и правилно реагирање на истите. Можеби интересно Ви звучи, а можеби и малку комплицирано.

Но, за таа “емпатија” и за многу други убави нешта ќе имате можност да прочитате во книата ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО од проф. д-р Зендел Абедин Шехи.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page