Македонскиот моден бренд кој го освојува светот
- marijamaneva
- Dec 6, 2017
- 2 min read
Во рамките на манифестацијата „Избор на најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион“ која на 15 декември ќе се одржи во Хотел „Изгрев“ во Штип со своја модна ревија ќе се претставви Astibo Fashion Group (АФГ). АФГ е текстилна компанија од градот на текстилот, Штип, која ја продолжува традицијата на некогашните гиганти АСТИБО и МАКЕДОНКА.

Искуството стекнато од минатото допринесе изминатите десетина години од неговото постоење забрзано да расте и да се искачува кон она што е цел и врв на секое текстилно производство, ГОТОВ ПРОИЗВОД, производ за себе со своите колекции и за неговите странски партнери со изработка на нивни колекции.
Креативноста на АФГ започнува од цртеж-скица кој понатаму се трансформира во шаблон со рачна или компјутерска обработка, за на крајот преку сопствената моделара го изготви првиот прототип кој служи за презентирање на купувачите од странскиот пазар-ЕУ.
Професионалниот тим на АФГ нуди брзи информациии, избор на најсоодветни производства според потребите на клиентот, флексибилност во однос на количината, кратки рокови на изработка, навремена испорака и професионален однос кон бизнис партнерите. Сето ова придонесува нашите клиенти да бидат и наши амбасадори низ светот - велат од тимот на АФГ.
АФГ соработува и подржува и млади талентирани дизајнери овозможувајќи им нивната креативност да ја изразат преку колекција, која ја изработуваат во соработка со стручниот тим на АФГ и им помага со отварањето на вратите за полесно да влезат во модната индустрија во Македонија, а подоцна во зависност од нивната упорност и трудољубивост и кон модниот свет во Европа.
На кратко, АФГ нуди една богата палета на услуги, почнувајќи од дизајн, набавка на основни и помошни материјали, па се до производство, контрола и технички совети, како и помош во царина и логистика.
Подолу можете да погледните дел од најновата колекција на АФГ.









Kommentare