top of page

Дијана Мицева - претприемништво е особина на лица кои превземаат ризици

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Dec 4, 2017
  • 3 min read

Раскажете ни ја вашата успешна бизнис приказна, како започна се и како се развиваше до денес.

Lingua Language House е само приказна која уште како мала постојано ја сонував, прераскажував самата на себе како и постојано се трудев да ја надградам со дополнителни пасоси исполнети со љубов кон изчувањето на странски јазици. Таа приказна е сонот на мојата младост, кој денес тој сон го претворив во реалност. Не Би рекла дека станува збор за бизнис приказна, повеќе е приказна во која јас би сакала да го пренесам целото мое знаење за странски јазици на најмладите и оние на кој му е потребно да изучува странски јазици.

Училиштето Lingua Language House започна со работа оваа учебна година, но пред себе има големи планови. Во моментот се предава само англиски јазик, но училиштето е во процес на воведување на нови јазици, како германски, италијански, албански, турски и други, до крајот на тековната година. Lingua Language House исто така нуди обичен превод и судски превод на секаков вид текст. Има специјализирани бизнис-англиски курсеви, англиски за правници и економисти, како и подготвителни курсеви за TOEFL, IELTS, APTIS, BULATS.

Она што го двои Lingua Language House од другите училишта е тоа што во својата програма ги воведе најновите образовни методи адаптирани да одговараат за секој еден ученик. Ние се стремиме кон подигање на стандардите за учење каде професорите ќе вложат поголем труд не само во образувањето на учениците, туку и на нивното воспитување. Овде, исто така спаѓа и соработката на училиштето со родителите на помладите ученици, со што се збогатува подршката на ученикот кон неговото учење. Исто така применуваме поголема застапеност на технолошките иновации во наставата, што ја прави интересна и забавна. Големо значење придаваме кон забавата во училницата, и затоа нашето мото е „Learning Is Fun“.

Кои се вашите три најзначајни вештини што ве прават успешна жена претприемач?

За еден професор да биде успешен мора да е организиран, комуникативен и креативен. Мора да е доследен во своите поставени цели. Но за мене најважно од се, и она со што се гордеам дека го поседувам, е тоа што треба да си пријател и другар на своите ученици, да сочувствуваш со нив и со нивните проблеми, да ги мотивираш и подржуваш додека да станат самостојни личности со формирани ставови.

Кога би можеле кои работи би ги промениле за да го подобрите женското претприемништво и во претприемништвото воопшто?

Денес претприемништвто не познава полова разлика, тоа е особина на лица кои превзимаат ризици за отпочнување и реализирање на нови идеи, исполнети со иновативност, креативност, нова технологија и поразлични карактеристики на идеата што ретко која друга идеа ги има. Јас би рекла дека жените тука се во предност.

Каков совет би има дале на жените кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис?

Секоја жена би ја советувала да почне. Што побрзо! Работете со страст и вложете во бизнис со кој ќе одговараат и вашите лични цели, на тој начин нема да имате конфликти самите со себе. Дефенирајте го вашиот бренд, формирајте искрени работни односи и вклучете технологија во него. Но подгответе се за напорна работа како никогаш до тогаш.

Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?

Ако приказната на почетокот се проширување со нови пасоси на доквалификација на знаењто, денес пасосите се зголемија, секој од нив има направено голем исчекор кон иднината и секој од нив е полн со искрена желба да се постигне и невозможното. Без разлика на секој од нив, среќниот крај на мојата приказна завршува со приватна гимназија за изучување на странски јазици на Јужниот дел од Македонија.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page