Гламурозен моден настан - Ива Спасовска со нова колекција
- marijamaneva
- Dec 4, 2017
- 1 min read
Елегатноста, префинетоста и гламурот на Iva Spasovska Atelier преточени во новото лице на брендот. Верни на носителите на нејзините колекции, Ива Спасовска подготвува нови колекции кои ќе се преплетат во секојдневието како никогаш досега.

Пет години неизмерна креативност и неизмерна љубов преточена во уникатни колекции кои го прикажуваат вистинскиот отсај и посветеност на модната дизајнерка Ива Спасовска, овој пат во три различни ноти: Business Casual, Night Out и Glamur.
Секоја колекција носи со себе храброст, отменост, моќ и присутност, подеднакво синхронизирани со моќта и храброста на жената.
За првпат во колекциите на Iva Spasovska Atelier, ќе биде достапна и машка колекција.
На 12.12.2017 ќе се одржи Есен/Зима’17 Ревијата на Iva Spasovska Atelier која воедно симболично ќе го прослави петтиот роденден од Ателјето.
Есен/Зима’17 Ревијата ќе биде со локација во Аликас, центар за настани и свадби, Визбегово, Скопје.
Ревијата е организирана од агенцијата за дизајн и маркетинг Pageland.
Сите кои се заинтересирани да присуствуваат на ревијата, можат да се регистрираат на следниот линк:http://bit.ly/2iMdMXo.




Comentarios