Опуштете го телото и умот за само 3 минути - техника која секој современ човек треба да ја знае
- marijamaneva
- Nov 30, 2017
- 1 min read
Кога ви е потребно нешто бргу да ве смири, особено кога навечер не можете да се опуштите и да заспиете, обидете се да го примените ова едноставно правилот.
Правилото се вика „4-7-8“. Ова е тоа што треба да го направите:
4 секунди мирно вдишувајте низ нос.
7 секунди држете го здивот.
8 секунди полека издишувајте низ уста.
Кога сте под стрес или нервозни, нивото на адреналин во вашето тело се зголемува и вашето дишење се забрзува. Оваа вежба за дишење всушност делува како седатив. Намерното забавување на вашето дишење ќе го натера вашето срцебиење да се забави и тоа брзо ќе ве опушти и смири.

Истата вежба помага и за смирување на вашиот мозок, бидејќи прави целосно да се фокусирате на дишењето. Не го сфаќате тоа, но во моментот вашиот централен нервен систем полека ја намалува својата активност и чувството на вознемиреност исчезнува.
Резултатот од ова е што целото тело ви се опушта. Во однос на брзината и ефектот кој го дава оваа вежба, таа е слична на анестетик. Ендру Вејл, кој е професор по медицина на Харвард, открил дека оваа техника со векови била позната во индијанската јога. Тие ја користат при медитација за да постигнат состојба на целосна опуштеност.
Како овој метод може да биде корисен за вас?
Оваа вежба ќе ви помогне да заспиете многу полесно и побрзо и во секоја ситуација. Ако често се будите среде ноќ поради тоа што нешто ве мачи, ќе ви помогне многу. Истото важи и ноќите пред некој ваш важен настан. Овој метод со сигурност ќе ви даде резултати!
コメント