top of page

Дали сте креативен менаџер?

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 20, 2017
  • 2 min read

Денес, повеќе од било кога на светот му требаат луѓе кои се живи и полни со инспирација, кои имаат нови визии и идеи како да ги имплементираат тие идеи со нова енергија. Сепак, колку и да тврдат институциите дека сакаат да ја поддржат креативноста, тие многу често ја убиваат.

Во Креативност: Бранот на креативност и психологија на откривањето и смислувањето, професорот кој се занимава со креативноста, Михали Чикцентмихали разви едно генеричко објаснување за креативната личност. На сите учители, терапевти, тренери и менаџери им дава една претстава за тоа како функционираат луѓето кои се придвижени од внатрешни страсти, визии и вредности.

Чикцентмихали напиша: „Ако постои збор што ги прави креативните луѓе различни од другите, тоа е зборот комплексност. Наместо да бидат една личност, тие се мноштво на личности. Исто како што белата боја ги вклучува сите бои, креативците се стремат да ги спојат сите човечки можности во себе. Креативноста дозволува парадокси, светлина, темнина, недоследност па дури и хаос – а креативците ги искусуваат сите овие екстремности со еднаков интензитет."

Карактеристики на креативните личности

1. Располагаат со голема физичка енергија за која им е потребна тишина и мир.

2. Полни со сексуалност, но поради потребите на работата, често се во целибат.

3. Можат да одат до екстреми, но можат да се и целосно повлечени.

4. Истовремено се и паметни и наивни. Во нив се споени мудроста и детското однесување. На моменти се емоционално незрели, а сепак размислуваат длабоко.

5. Конвергентни (рационални и носители на правилни одлуки) а сепак дивергентни (се водат по интуиција и се визионери).

6. Истовремено се екстровертни и интровертни, исто им е потребна и самотијата и луѓето.

7. И скромни и горди, на моменти полни со самодоверба, на моменти плашливи.

8. Тие се главни носители на силните страни на нивниот пол но и добро се снаоѓаат и со карактерите на другиот пол.

9. Од една страна можат да се бунтовни и независни, но исто така можат да се конзервативни и да се водат според интуицијата.

10. Отворени за да искусат најголеми страдања и болки, но знаат и да уживаат.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page