top of page

Сакате да бидете конкурентни на пазарот? Ова се вештините на иднината кои мора да ги поседувате

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 18, 2017
  • 1 min read

Иако технологијата носи промени на пазарот на трудот, не треба да се плашиме дека технологијата во целост ќе ја замени потребата од човечка работна сила.

Сепак, експертите тврдат дека квалитетите и вештините кои ги поседувате во голема мера ќе ја зголеми вашата конкурентност на пазарот на трудот. Доколку сакате да биде во чекор со потребите на пазарот на трудот и притоа да бидете конкурентни, тогаш поработете на развојот на следниве ваши квалитети и вештини:

  1. Емоционална компетенција и епатија која може да ја изгради довербата кон вас.

  2. Координација на тимската работа и добрата комуникација со останатите вработени.

  3. Фокусот кон клиентите и услужливоста како приоритет во работата

  4. Посветеност, слушање и размислување, емпатија кон останатите

  5. Преговарачки способности – снаодливост во новонастанати ситуации колку и тие да се стресни и критични

  6. Креативност – способност за експериментирање, визуелизација и промени

  7. Способност за самостојно разбирање и решавање на комплексни проблеми

  8. Ментална флексибилност – способност за учење и критичко размислување

  9. Расудување, аналитичност, проценка на ситуации

  10. Способност за комбинирање и реструктуирање на непродуктивните елементи во продуктивни.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page