top of page

Валентина Дисоска: претприемништвото не треба да биде ставено на маргините како последна можност за

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 15, 2017
  • 4 min read

Имате долгогодишно искуство во работата со жени претприемачи и активна соработка со нив, кои се неопходните мерки кои треба да се преземат за да се подобрат условите за работа на жените претприемачи.

Има неколку аспекти кои треба да се земат во предвид кога зборуваме за предлог мерки кои треба да се превземат за подобрување на условите за работа на жените претприемачки.

  • Промена на свесноста за претприемништвото во општеството и кон него да се гледа како можност за раст и развој, како и подобра иднина. Претприемништвото да не биде ставено на маргините како последна можност за вработување, а притоа главна определба на повеќето да биде да се вработат во државна установа. За тоа да се случи ни треба да креираме подобра деловна клима за развој на женското претприемништво.

  • Обезбедување на систематска поддршка за развој на женското претприемништво, каде што со еден целосен опфат ќе се работи на проблематичните делови врзани со ЖП, како што се пристап до финансии, информации, промени на легислатива, пристап до едукација, вештини и знаење.

  • Да се креира инфраструктура која ќе работи за развој на ЖП, тука би влегле националните и локалните власти, образовни институции, развој на современи програми за едукација и обука, креирање на релевантни дата бази и статистики кои ќе помогнат за цврсто поставување на темелите за изградба на еден систем за развој на ЖП.

  • И секако последно, но не и најмалку важно е промоцијата на женското претприемништво

Можете ли да ни кажете малку повеќе за Здружението на бизнис жени и кои се неговите основни цели и активности.

Здружението на бизнис жени претставува специфичен и компетентен партнер во дијалогот на државниот, невладиниот и приватниот сектор , што придонесува и работи за обезбедување на за социјален и економски развој , со посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економскиот раст.

Притоа имаме водечка улога во организирање на дијалог и соработка помеѓу деловните жени, со цел да се обезбедиме поддршка и промоција на жените претприемачи во Македонија. Здружението е активно ангажирано во застапувањето за подобрување на бизнис климата и да се поттикне вмрежување на локално, регионално и меѓународно ниво.

Активностите ни се сведуваат на неколку нивоа, од креирање на политики на државно ниво до работа со жените претприемачки на терен, како и со невработените, ранливите групи. Вклучени сме во процесите на креирање на политики за развој на женското претприемништво, како што е изработката на Националната стратегија за развој на женското претприемништво на РМ.

Исто така сме и дел од SBA assessment кој што се спроведува од ETF и ЕК, дел од развојните програми за развој на средно стручно образование и уште многу други активности кои се составен дел на секојдневната работа.

Работата со членките кои во моментот бројат над 150 од целата држава, е исто така многу важен сегмент од нашата работа. Посетата на B2B средби, вмрежувањето, споделувањето на информации од различни аспекти, обуките, тренинзите, менторските сесии, коучинг сесиите се речиси секојдневни наши активности.

Според вас кои карактеристики професионални и лични мора да ги поседува жена претприемач за биде добар менаџер на бизнис кој е конкурентен на пазарот.

Бидејки сум дел од едно прекрасно здружение каде секојдневно учиме и се надоградуваме, научив дека еден од подобрите и попродуктивните начини за раст и напредок е да го користиш туѓото стекнато знаење, затоа јас на ова прашање ќе ги споделам со Вас мислите на испитаничките кои беа дел од истражувањето кое го праевме за состојбите на женското претприемнштво во РМ, бидејки тие многу искрено, сликовито ни дадоа совети кои јас сакам да ги споделаме со сите читатели на овој портал

Ќе успееш ако . .

  • Собираш податоци, ги анализираш, донесуваш одлуки и ги спроведуваш, по овој редослед и БЕЗ ИСКЛУЧОК!

  • Си упорна , сигурна во себе и вредно работиш

  • Истраеш во својата идеа и желба. Не потклекнувај на прпреките.

  • Не се жалиш многу

  • Имаш јасна цел што сакаш да постигнеш и план како да стигнеш до целта, Верувај во тоа што го правиш, комуницирај, барај помош, вложувај во себе и своите вработени

  • Секој ден направиш нешто повеке од вчерашниот ден

  • Го споделуваш своето стекнато знаење со вработените, а во меѓувреме работиш на дополнителна самоедукација

  • Не ги следиш стереотипите

  • Се однесуваш како што се однесуваат и мажите во бизнисот! Бизнисот има свои правила, без разлика на полот на тој што го води. Биди своја и следи ја својата цел и биди истрајна. Се' друго само ќе дојде.

  • Покрај инвестирањето во стекнување на професионални вештини задолжително инвестирај во својот личен развој, Успехот ќе го постигнеш само доколку можеш да направиш баланс помеѓу умот, емоциите, телото и душата.

  • Веруваш првично во себе, а потоа и во она што го работиш, ако си спремна да ризикуваш и да се бориш во светот на нелојалната конкуренција и никогаш да не се плашиш да им се обратиш на другите за помош. Некогаш ќе бидеш одбиена, некогаш прифатена, но она што е најбитно - не се откажувај никогаш!

  • Имаш подршка од семејството

  • Си иновативна и пред времето!

Никогаш, не помислувај . . .

  • Да останеш без образование

  • Да се откажеш

  • Да зависиш финансиски од некого

  • Дека нема да успееш

  • Да земаш позајмица

  • Да ги лажеш клиентите

  • Да покажеш слабост

  • Да затаиш данок

  • Да си го погазиш сопствениот збор

  • Да работиш против законот

  • Да не прашаш стручно лице кога за нешто не си стручна

  • Да потклекнеш пред првата тешкотија

  • Да останеш без пријатели, тие се најдобрата поткрепа за бизнисот

  • Никогаш не мисли, „ова е подобро да го прави машко“

  • Никогаш не се задолжувај повеќе од што можеш да создадеш профит за да го вратиш зајменото

  • Да не го пресметаш ризикот пред да направиш некој голем чекор во бизнисот. Ако ризикот да не успееш ти е поголем од 30% тогаш не го преземај чекорот.

  • Не отстапувај пред никого само заради тоа што си женско!

  • Да се сомневаш во својот капацитет

  • Да работиш без соодвена правна поддршка

  • Да мислиш дека е доцна за сопствен бизнис

  • Да се откажеш зашто други не успеале

  • Да се демотивираш зашто е тешко - нема лесно!

  • Да мислиш дека жена-претприемач, сопруга и мајка не одат заедно!

Неодамна стартуваше веб-порталот www.zenitevoekonomijata.com, какви содржини сметате дека би требало да бидат застапени најмногу и би биле од најголема корист за бизнис жените во Македонија.

Честитки за порталот, тоа е нешто кое навистина недостасува, и верувам дека многу ќе придонесе за развојот на ЖП во целата држава, не само во источниот и југоисточниот регион.

Она што би сакала да го видам е вистинити приказни за женте претприемачки, нивните растежи, но и падови, можностите за креирање на соработка и промоција на женските бизниси.

Вистинката слика за претприемништвото, без цензура и лажен сјај, но и можностите кои истото ги нуди.


Commenti


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page