top of page

Доктор Ксенија Јанкова - Најуспешна жена претприемач за 2016 година

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 12, 2017
  • 3 min read

Харизматична, непосредна, ведра, врвен експерт во стоматологијата и успешен менаџер на Стоматолошките центри „Дента Лукс“ во Скопје и Радовиш, ви ја претставуваме Доктор Ксенија Јанкова добитничка на минатогодишното признание „Најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион“.

Минатата година добивте признание-Најуспешна жена претприемач источен и југоисточен регион. Што оваа награда значи за Вас и дали Ви донесе некои промени во работењето?

- Наградата Најуспешна жена претприемач источен и југоисточен регион,беше мојот голем предизвик со кој се соочив минатата година.Благодарение на Маркетинг агенцијата Маркетинг Микс која ми овозможи презентација на Стоматолошките центри Дента лукс Скопје и Радовиш, успеавме пошироко да се презентираме во јавноста за се она што го работиме .Во последнава година претежно се фокусирав во проширување и дооуредување на Дента лукс Скопје,што само за една година прерасна во модерен стоматолошки центар. Наградата ми отвори уште поголема мотивација и нови амбиции и следниот чекор е преуредување на Дена лукс Радовиш по најсовремен концепт на ергономско уредување.

Сопственик сте на Стоматолошките центри Скопје и Радовиш,кои особини според Вас треба да ги поседува еден менаџер за успешно да управува со својот бизнис?

-Успешните менаџери имаат свој сон.Тие имаат точно дефинирана цел и идеи и знаат што сакаат. Тие имаат амбиции и стравствена желба за успех.Полни се со ентузијазам,максимална посветеност кон работата и имаат своја самодисциплина. Успешните менаџери се силно мотивирани кон постигнување на резултати.Точно се фокусирани кон одредената цел и не ги одоговлекуваат задачите. Тие постојано вложуваат во себе во учење и знаење за постигнување на максимални резултати.Тие се продуктивни,а не само вработени. Успешните менаџери се храбри,превземаат одговорност за решавање на проблеми и се прилагодуваат кон дадената ситуација. Успешните менаџери се образовани,интелегентни,ентузијасти и позитивни.Тие се дипломати и за тоа имаат способност за снаоѓање и моќ на проценка на дадената ситуација. Тие се допадливи личности и вешто знаат да ја сокријат својата желба за супериорност. Секогаш позитивни,ведри и насмеани.

Со години сте успешна жена претприемач, доколку би имале можност кои мерки би ги презеле за унапредување на женското претприемништво и претприемништвото воопшто во Македонија?

-За унапредувањето на претприемништво воопшто во Македонија е неопходна пред се поддршка, мотивационен план и мерки за унапредување од Владата на РМ. Во склоп на мерките за унапредување би биле и соодветни обуки и курсеви за подигнување на нивото на претприемништвото. И секако најважен и неизоставен дел е што поголем акцент на маркетингот на претпријатијата, со голема подршка на Маркетинг Агенциите во промоција и презентација на работењето.

Како врвен стоматолог што би ни препорачале да ја задржиме убавата и блескава насмевка? -Убавата и блескава насмевка е сон на секоја личност.Безброј фактори се важни за достигнување на убава и блескава насмевка,пред се гентската правилна поставеност на забите,консумирање на здрава храна и правилна орална хигиена на забите.Хигиената на забите не подразбира само употреба на соодветна четка и паста за заби,туку и секојдневно користење на соодветни раствори за плакнење на уста,интердентални четкички и конец за заби.Секако неизоставен дел се редовните посети на стоматолог како преветива и третман.Денес стоматологијата е на завидно ниво и со современата апаратура,ергономска уреденост на стоматолошките ординации и современи материјали,нашите пациенти се чувствуваат пријатно и комфорно,со што се избегнува оној страв од стоматолошки интервенции како некогаш.

Која би била Вашата мотивациска порака до сите сегашни и идни жени претприемачи?

- Мојата порака е секако да бидат храбри,да веруваат во своите вештини,талент и енергија и никогаш да не отстапуваат од она што го замислиле. Секоја жена претприемач која верува во својата моќ за менаџирање,со добра организација,посветеност и фокусирање кон целта,успехот ќе и биде неминовен.


Comentários


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page