top of page

Бидете дел од најпрестижниот женски бизнис настан

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 7, 2017
  • 1 min read

Улогата на жените претприемачи во Македонија во последните години се повеќе се зајакнува и проширува. Нивното учество во реализација на позитивните промени во бизнис секторот и воспоставувањето на нови стандарди во работењето е од исклучително значење за развојот на економијата.

Погледнете низ фотографии како изгледаше минатогодишниот Избор на најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион.

Во источниот и југоисточниот дел на Македонија постојат низа успешни бизнис приказни кои треба да бидат промовирани на национално ниво, како позитивни примери кои ќе ги охрабрат и останатите жени со претприемачки способности да се вклучат во развојот на своите идеи.

Токму поради овие причини Маркетинг агенцијата „Маркетинг Микс“ минатата година за првпат во Македонија организираше „Избор за најуспешна жена претприемач од источен и југоисточен регион“.

Позитивните примери кои нѐ опкружуваат се секогаш најголема инспирација и мотивација за реализација на индивидуалните планови, а оваа иницијативата за организација на овој настан придонесе за промоција на успешни бизниси раководени од жена претприемачи, како и подигањена свесноста за ефикасната улога на жените претприемачи во развојот на бизнис климата во Македонија.

Годинава по вторпат ќе се организира овој Избор, а централната манифестација ќе се одржи на 15 декември во просториите на салонот „Авто Чајка“.


Comentários


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page