top of page

Зошто вработените треба да ви бидат приоритет

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 7, 2017
  • 1 min read

За успех на било која компанија не е пресуден за добриот бизнис план, проектите кои носат приходи и идеите кои ќе ве истакна помеѓу конкуренцијата, туку и односот кој го имате со своите вработени.

Вработениот кој е задоволен сос воето работно место, условите, атмосферата, односот со колегите и претпоставените, со многу поголем ентузијазам ќе доаѓа на работа и ќе ги извршува своите работни обврски најдобро што може. Кога недостасува било што од ова, тогаш вработениот ги изполнува обврските површно и непосветено.

Едни од најуспешните менаџери тврдат дека односите со вработените се од исклучително значење за успешното работење на компаниите. Продуктивноста е директно поврзана со личните односи кои треба да се изградат во тимот. Затоа вложувањето во тимот, слушањето на нивните идеи и предлози како и соработката со нив е од големо значење. Сето ова многу ќе помогне во донесувањето на брзи решенија и совладување на предизвиците.

Многу е важна повратната информација која вработените мора да ја добиваат редовно и аргументирано. За вработениот навистина да знае дали сте задоволни од неговата работа или пак сметате дека може да даде и повеќе од себе, немојте само да премолчувате и да ја игнорирате неговата работа. Наместо тоа, треба да му дадаете аргументирана повратна информација и да му дадете до знаење дека ја забележувате неговата работа и трудот кој го вложува. Секогаш има простор за напредување, а вие како шеф мора да знаете да му го пренесете на вработениот тоа на вистински и отивирачки начин.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page