Кои се најуспешните жени претприемачи за 2016 година
- marijamaneva
- Nov 9, 2017
- 1 min read
Минатата година за првпат се организираше Избор на најуспешна жена претприемач за источна и југоисточна Македонија, а ова се најуспешните жени претприемачи добитници на признанијата во повеќе категории:

Др. Ксенија Јанкова, сопственик на приватната здравствена установа „Дента Лукс“ од Радовиш e прогласена за најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион за 2016 година. Таа освои најголем број гласови од страна на публиката која гласаше на фан страницата „Жените во економијата“.

Најуспешна жена претприемач во категоријата на „Бизнис со најголем потенцијал“: Дина Муцунска, менаџер на хотелски комплекс „Манастир“ , Берово

Најуспешна жена претприемач во категоријата„Бизнис со најголем раст“: Жаклина Мицова, сопственик на ланец бутици Леди Ди, Кавадарци

Најуспешна жена претприемач во категоријата „Бизнис со најхумана димензија“: д-р Цеветанка Манева Самарџиска, сопственик на специјалистичка ординација д-р Самарџиски Штип

Најуспешна жена претприемач во категоријата „Најмлад бизнис“: Ивана Тренадафилова, сопственик на Атајле Ивана, Штип

Најуспешна жена претприемач во категоријата „Најкреативен бизнис“: Сузана Младенова, менаџер на Цвеќара Мимоза и ресторан Ројал Парк-Струмица

Komentarze