top of page

Како да го претставите брендот на Инстаграм

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 8, 2017
  • 2 min read

Бројот на корисници на Инстаграм во Македонија постојано расте и на оваа социјална мрежа мора да се гледа како на одлично место за претставување на своите производи и услуги.

Инстаграм огласувањето го зголемува профитот

Најголемата група во Македонија која го користи Инстаграм е на возраст од 18 до 35 години и Инстаграм може да биде мошне интересно место доколку се обраќаме токму на оваа целна група.

Уште еден атрактивен податок е и тој дека Инстаграм најчесто го користат жени. Статистиките покажуваат дека бројот на жени корисници на Инстаграм е за 14% повисок во однос на мажите. Ова е особено важно за оние компании чии производи и услуги се наменети за жени.

Потребата на корисниците за делење на своите содржини, доживувања, реакции и искуства е причина зошто го сакаме Инстаграм. Секако, тука е и клучната инстаграмова можност за промовирање и споделување на визуелните содржини (фотографија и видео), што е посебно иснпиративно за маркетинг стручњаците кои многу добро знаат дека луѓето пред се, се визуелни суштества.

Ако сте сопственичка на ресторан или фризерски салон, тогаш сигурна знаете дека визуелната презентација ви е многу важна. Сетете се само дека кога на Инстаграм ќе видиме вкусен колач, веднаш ни проработуваат емоциите и добиваме желба да подготвиме некој вкусен рецепт или да отидеме во ресторан.

И токму на тоа, на емоциите треба да се градат сите маркетиншки приказни.

Кај претставувањето на компаниите вообичаено се греши во една работа, тоа претставување често е круто. Се зборува за производите или услугите, растот и развојот на компанијата, а се заборава на емотивната страна на секоја бизнис приказна. Пожелно е на Инстаграм да се објавѕваат работи кои се случуваат „позади сцената“. Презентирајте ја вашата работна атмосфера, произвидствениот процес, работниот тим и сл.

На тој начин публиката ќе ги доживее не само вашите произвди, туку и вашата персоналност. Ако сте доволно непосредни во претставувањето, ќе се случи токму тоа што сите го посакуваат, ќе добиете лојални клиенти кои ќе ги купуваат вашите производи и услуги, но ќе ги препорачуваат и на други.


Commentaires


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page