top of page

4 афирмации - еве што треба да повторувате секое утро за успешен и среќен ден

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 17, 2017
  • 2 min read

Утрата секогаш асоцираат на нов почеток, свежина, надеж и нова прилика. Многумина денот го започнуваат нерасположени, постојано се брзаат некаде, нервозни се, така целиот ден ви тргнува на лошо, а тоа со сигурност ќе ја намали вашата продуктивност.

Меѓутоа ако утрата ви почнуваат добро, таа енергија ќе се пренесе на во текот на целиот ваш ден.

Еве неколку афирмации со кои треба да ги започнувате утрата за да останете енергични и продуктивни цел ден.

Денес ќе биде одличен ден – секој нов ден има целосен потенцијал да биде одличен, кога сте среќни уште на почетокот на денот, тоа се пренесува и на остатокот од денот. Затоа со оваа афирмација почнете го денот и повторувајте се до крајот на денот. Една позната блогерка Праја Џејн тврди дека ја изговара оваа афирмација штом ќе се разбуди и штом нејзините стапала го допрат подот и дека почувствувала огромни промени. Затоа со години наназад денот го започнува со пораката – денес ќе биде одличен ден.

Денес ќе правам добри работи – тоа може да бидат и сосема едноставни работи како насмевка, мотивирање, охрабрување. За да се сетите на оваа афирмација секое утро, создадете си навика да ја изговорите веднаш по миењето на вашето лице.

Се што се случува е совршено – дури и кога ќе ви се случи нешто несакано, размислувајте дека се што се случува, се случува со некоја причина која можеби не ја разбирате во тој момент, но езначајна лекција за вас. Изговорете ја оваа афирмација веднаш откако ќе завршите со миењето заби.

Секоја моја активност се темели на љубов и храброст – Секогаш можеме да бираме да го ускладиме нашето однесување со љубовта која ја имаме во себе и со сопствената храброст. Сетете се и изговорете ја оваа афирмација секогаш кога го пиете утринското кафе, чај или вода.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page