Фенг Шуи за привлекување пари: еве кои предмети ја блокираат финансиската енергија
- marijamaneva
- Nov 15, 2017
- 1 min read
Според кинескиот систем на учење Фенг Шуи во секој дом постојат клучни точки кои се поврзани директно со парите и финансиите на сите кои живеат во тој дом. Она што е исклучително важно е дека не смее да има неред никаде во вашиот дом, бидејќи тоа е поврзано со финансиските блокади и неможноста да се наплатат долговите.

Устоената енергија во одредени делови од домот се поврзани со можноста да се зголемат вашите приходи.
Запуштениот подрум пак ќе произведе непланирани казни, па дури и за паркинг.
Парите се енергија и за таа полесно да циркулира ќе морате да поработите на следниве елементи:
Ако влезот не ви чист, сигурно ќе имате проблем со парите. Ако во вашиот дом не може да влезе гостин, како очекувате да ви влезат пари, вака отприлика е толкувањето според Фенг Шуи.
Осветлете го влезот во домот и поставете декорации, нека делува чисто и ведро.
Влезот е поврзан со: влез на убава енергија, нови можности и поголеми приходи.
Можеби ќе ви звучи необично, но и кујната мора да ви биде секогаш чиста и уредна ако не сакате да имате финансиски проблеми.
Полица над шпоретот и помошната маса, како и валканиот фрижидер се забранети и носат финансиски блокади.
Погледнете како изгледа вашиот дом и коригирајте онаму каде што е потребно, според Фенг Шуи тогаш кога ќе го подобрите редот во својот дом, тогаш ќе ја подобрите и вашата финансиска состојба.
Comments