top of page

Секој ден го започнува со ист оброк – како изгледа дневното мени на Мелани Трамп

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 15, 2017
  • 1 min read

Иако сега е позафатена од кога и да било, првата дама на Америка, Мелани Трамп (47) не отстапува од нејзиното вообичаено мени кое со години е исто, а очигледно добро и годи на нејзиниот физички изглед.

За американскиот магазин "GQ ", првата дама открива дека денот го започнува со овесна каша поради тоа што е богата со влакна, како и со цедени овошја и зеленчуци.

Ако се прашувате како првата дама ја одржува витката линија и исклучително сјајната кожа, одговорот лежи во нејзината изјава дека нејзината прва цел во однос на исхраната и здравјето е да внесе што е можно поголем број овошки кои содржат антиоксиданси, а минималниот дневен внес е седум овошки.

Заради нејзиниот одличен физички изглед, многумина сметаат дека таа воопшто не внесува вештачки шеќер, сепак тоа не е точно до крај.

За магазинот, Мелани Трамп изјавила дека доколку има потреба од шеќер јаде по неколку коцки чоколадо, а не е имуна ниту на сладолед се додека тоа е во баланс со здравата исхрана и потребите на нејзиното тело.

Првата дама внимава и нејзиното тело да остане хидрирано во текот на целиот ден, затоа внесува големи количини вода, а нејзино омилено јадење е пилешко со пармезан.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page