top of page

Едноставно правило кое ќе ви ја смени професионалната кариера

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 15, 2017
  • 2 min read

Постојат компании во кои паузата за ручек не е строго определена и секој ја користи кога сака, сепак многумина се согласуваат околу фактот дека дружењето со колегите за време на паузата за ручек може и треба да биде секојдневен тим билдинг.

Постојат неколку причини за тоа зошто е важен заедничкиот ручек за градењето на квалитетни меѓучовечки односи во фримата.

Ние ќе издвоиме три:

Блиски односи во тимот

Софтверската компанија „Impraise“ од Њу Јорк уште од своето основање, до денес практикува заеднички ручек за сите вработени без исклучок. Менаџерите на компанијата сметаат дека клучот на нивниот успех, раст и развој лежи токму во праксата сите вработени за време на паузата да седнат на заедничка маса и паузата за ручек да ја користат и за подобро запознавање, поефикасна комуникација и сл.

Оваа компанија вовела на почетокот и уште едно корисно правило, секој вработен во компанијата, од најниски до највисоки позиции добива задача на секои две недели, заедно со уште еден колега да набави намирници за ручек. На тој начин вработените не чувствуваат поделба во тимот.

Мотивација на вработените

Доколку заради природата на работата на вашата компанија, не можете баш секој ден да ги организирате заедничките паузи за ручек, тогаш одвојте барем еден ден во неделата, како што тоа го прави компанијата „GMR Web Team“ од Калифорнија.

Тие, секој петок, наместо да разговараат за веб продажба, работат на подобрување на односите меѓу колегите. Тоа им помага да ги задржат вработените во компанијата, бидејќи е многу полесно и попријатно да работиш со пријатели.

Изразување благодарност

Овие таканаречени „семејни ручеци“ во компаниите, менаџерите најчесто ги користат и за да им се заблагодарат на своите вработени за нивниот труд и постигнатите заеднички успеси. Ова секако многу им значи на самите вработени, затоа што со вакви неформални комуникации и средби, се рушат стереотипите и предрасудите кои најчесто ги имаме за менаџерите. Сепак тие се само обични луѓе, а разговорот со нив треба да ви биде директен и пријатен, а не да ви предизвикува лоши чувства.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page