top of page

Харизма - тајната на секоја успешна кариера! Научете како да ја подобрите!

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 19, 2017
  • 2 min read

Сакате да бидете похаризматична личност? Следете ги следниве совети и сигурно ќе заблескате.

Харизмата не е една самостојна особина; тоа е претставува сплет од социјални и емоционални вештини. Личноста која што поседува одреден број на вакви вештини и ги манифестира со одреден интензитет може да се нарече харизматична.

За да развиете харизма ви треба многу време и напор, бидејќи треба да ги усовршите вештините што ќе ве направат харизматични. Како и да е, има неколку совети што може уште веднаш да почнете да ги применувате. Еве ги петте најдобри:

1. Чекорете бавно

Луѓето со бавен и релаксиран чекор изгледаат како никогаш да не брзаат никаде и дека им е пријатно во сопствената кожа. Нивниот начин на одење ги прави харизматични. Одете како нив и ќе го предизвикате истиот ефект.

2. Смејте се

Смеењето е едноставен и ефикасен начин за да покажете дека добро се чувствувате а со тоа и да го зголемите вашиот шарм. Моќта на насмевката е голема. Затоа, научете да ја употребувате во социјални ситуации и истата ќе ги привлекува луѓето кон вас.

3. Не размислувајте премногу

Луѓето што го премеруваат секој кажан збор и секој сторен гест изгледаат несигурни и напнати. Шармантните луѓе си дозволуваат да се опуштат и да бидат спонтани. Притоа, многу подобро се изразуваат.

4. Искажувајте ги вашите чувства

Харизматичните луѓе знаат како да ги изразат своите чувства. И не само што често го прават тоа, туку и ги користат сите начини за да се изразат бидејќи користат и вербален и невербален начин на комуникација. Обидете се да ги изразите вашие емоции и веднаш ќе го забележите ефектот.

5. Бидете различни

Ако размислите подобро, сите сме единствени. Меѓутоа, често знаеме тоа да го прикриеме во социјални ситуации и да се претставиме лажно. Токму спротивното не прави харизматични. Ако сакате да истакнете дека сте различни од другите, бидете храбри и покажете се. Ако често го правите ова, ќе станувате се подобри и подобри.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page