5 работи кои треба да ги направите пред 10 часот
- marijamaneva
- Nov 19, 2017
- 2 min read
Иако овие совети ќе ви помогнат подобро да го организирате и викендот, сепак најсрдечно ви ги препорачуваме да ги користите во текот на работната недела.
Ако ги следите овие пет совети на почетокот на работниот ден, првите часови на работнот место ќе ви станат многу попријатни:

Истегнете се. Сопствениците на домашни миленичиња знаат дека мачките и кучињата веднаш откако ќе се разбудат се протегнуваат. Ова е здрава навика која сите би требало да ја користиме. Само половина минута истегнување пред да станете од креветот многу ќе значат за вашето тело.
Испијте чаша вода. Најздравата работа што можете да ја направите кога ќе станете од креветот е да се напиете чаша вода и така да го разбудите метаболизмот. Уште подобро би било ако можете да издвоите време и да си подготвите топла лимонада со мед.
Појадувајте. Иако е општо познто дека појадокот е најважниот оброк, многумина немаат навика да појадуваат. Ако сте од оние кои после будењето набрзина излегуваат од дома, тогаш појадокот подгответе го навечер, за да заштедите време наутро и денот да го започнете со оваа здрава навика.
Испланирајте го денот. Добрата подготовка е темел на секој успешен ден. Ова важи и за слободното време, но многу повеќе за работните денови. Кога ќе дојдете на работното место, наместо веднаш да се фрлите на прегледување на вашата електронска пошта, одвојте 5 минути и запишете си што треба да направите тој ден. Освен што ќе ви ја олесни организацијата на денот, оваа навика ќе ви помогне да држите задачите и роковите под целосна контрола, а тоа ќе придонесе да бидете поуспешни и попродуктивни.
Најтешките задачи извршете ги наутро. Нема ништо подобро од тоа да знаете дека крајот на работниот ден привршува, а вие веќе најважните и најтешките задачи сте ги завршиле. Таквата навика докажано го зголемува расположението и чувството на успешност, а во исто време го елиминира стресот од секојдневието.
Comments