top of page

Што навистина сакаат мажите

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 19, 2017
  • 2 min read

Според вообичаените стереотипи, мажите се повеќе заинтересирани за физичката привлечност и сексуалната страст, додека девојките се позаинтересирани за финансиската стабилност и посветеноста на врската.

Физичка атрактивност

Жената треба да е атрактивна физички, затоа што она што мажите прво го забележуваат кај девојките е нивниот изглед и сексуална привлечност. Но, тоа е само првата искра, која после некое време се истрошува како што партнерите се навикнуваат еден на друг. Она што мажите го ценат после тој период е колку девојката се труди да изгледа добро за својот партнер.

Сакам да бидам сакан за она што сум, а не за она што можам да го обезбедам

Мажите сакаат жена која ќе ги сака, а не жена на која ќе и требаат. Секој маж сака да биде сакан заради него самиот. За мажите не е многу тешко да забележат дали некоја жена е заинтересирана за екстерните работи кои го карактеризираат, што е на некој начин знак на равенство за вљубеност во пари, изглед или чисто од очај, а не во човек. Повеќето мажи изјавуваат дека многу повеќе имале релација со такви девојки отколку со некоја која покажала интерес за нив самите.

Физичката блискост е есенцијална

Не, не се работи за сексуалната блискот како што вели стереотипот. Спротивно на вообичаените верувања дека мажите се ладни и не сакаат многу допирања, гушкања и слични работи, тие се многу заинтересирани за таквиот контакт. Па може да се каже дека жените наголемо го имаат потценето значењето кое го имаат за нив секојдневните блиски телесни контакти. Сладок бакнеж, искрена прегратка, нежен допир, сите тие се работи кои ве качуваат на експресниот воз до срцето на мажот.

Би сакал мојата жена да е искрена и трпелива

Ова е можеби и број еден барање од мажите, особено од оние кои веќе имаат неуспешни врски зад себе и ги анализирале зошто пропаднале. Многумина од нив ќе ви речат дека да, битен им е изгледот и сексуалната возбуда итн., но од аспект на долги релации, мажите пред се забележуваат како некоја девојка се справува со предизвиците.

Воопшто не ме интересира колку е убава и секси, ако некоја девојка ме фрустрира, се однесува ирационално или очекува од мене да бидам читач на мисли, се губам оттаму, би ви рекол секој маж. Особено оние со малку повеќе искуство бараат поопуштени и трпеливи девојки.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page