top of page

Анџелина Џоли одржа потресен говор за жените

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 17, 2017
  • 1 min read

Активистката за човекови права и позната актерка Анџелина Џоли беше една од говорниците на мировната конференција организирана од страна на ОН, а која се одржа во Ванкувер.

Анџелина Џоли одржа потресен говор за сексуалните злоупотреби над жените. Иако ниту еднаш во говор не го повика јавно Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, нејзиниот говор алудираше на настаните кои во последно време ја потресоа јавноста, а се однесуваат на случаите на сексуално и псхичико малтретирање од страна на Вајнштајн.

Сексуалните злоупотреби се насекаде во светот – во индустријата во која работам, во бизнис светот, на универзитетите, во политиката, во војската. Често ваквите злоупотреби над жените се предмет на исмејување. Но треба да се знае дека маж кој злоупотребува жена не е само опседнат со сексот, туку е насилник– изјави во својот говор Анџелина Џоли.

Сексуалното вознемирување е актуелна тема овие денови, особено во Холивуд, каде се полека се откриваат нови случаи на сексуално вознемирување.

Во нејзиното интервју дадено неодамна за Њу Јорк Тајмс, Анџелина Џоли призна дека имала многу лоши искуства со овој продуцент.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page