top of page

Прогласени најуспешните жени претприемачи за 2017 година

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Dec 20, 2017
  • 2 min read

Во одлична атмосфера, со многу забава, дружење, но и многу пријатни изненадувања помина второто издание на манифестацијата „Избор на најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион“ за 2017 година.

За најуспешна жена претприемач за 2017 година беше прогласена Дина Муцунска, сопственик на Хотел „Манастир“ во Берово, која се заблагодари за ова признание истакнувајќи дека и е драго што жири комисијата ги препознала нејзините професионални, но и лични квалитети.

Минатогодишната добитничка на признанието Најуспешна жена претприемач, д-р Ксенија Јанкова, сопственик на Стоматолошките центри „Дента Лукс“, го врачува признанието на Дина Муцунска, сопственик на Хотел „Манастир

Дина Муцунска, Најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион за 2017 година

Признанието за Најуспешна жена претприемач во категоријата Бизнис со најголем потенцијал го доби Љубица Џонич, сопственик на "Аграр Плус Дооел" од с. Црничани, Дојран.

Љубица Џонич, Најуспешна жена претприемач во категоријата Бизнис со најголем потенцијал

Живица Мицкова, сосптвеник на Бутиците "Look" во Кавадарци и Неготино, го доби признанието за Најуспешна жена претприемач во категоријата - Бизнис со најголем раст.

Живица Мицкова, Најуспешна жена претприемач во категоријата - Бизнис со најголем раст

Признанието за Најуспешна жена претприемач во категоријата - Најмлад бизнис, годинава отиде во рацете на Марија Малиминовска, сопственик на "ММ СТУДИО ПРОЕКТ ДИЗАЈН" во Кавадарци и Скопје.

Марија Малиминовска,Најуспешна жена претприемач во категоријата - Најмлад Бизнис

Јагода Пачемска, сосптвеник на Студиото "ФА-БУ" од Велес, го освои признанието за Најуспшена жена претприемач во категоријата - Најкреативен бизнис.

Јагода Пачемска, Најуспшена жена претприемач во категоријата - Најкреативен бизнис

Признанието за најуспешна жена претприемач според публиката го освои Биљана Митева, сопственик на "ЕКО ПАК ХИТ" од Кочани.

Биљана Митева, Најуспешна жена претприемач според публиката

Елизабета Ивановска Сентовска, сопственик на НИШ ЕЛЕКТРО, ANI SHOES и ANNABELLA го освои признанието за Најуспешна жена претприемач во категоријата - Бизнис со најдолга традиција

Манифестацијата "Избор за најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион" ја отвори Валентина Дисоска, претседател на "Здружението на бизнис жени", која во својот поздравен инспиративен говор, им честита на сите номинирани жени претприемачи за постигнатиот успех, зашто како што рече, водењето бизнис е голем предизвик за секого, а кога тоа се прави успешно, тогаш заслужува секакво внимание и почит.

Валентина Дисоска, претседател на "Здружението на бизнис жени"

Оваа година за изборот на најуспешните жени претприемачи одлучуваше седумчлената жири/комисија која имаше навистина тешка задача од вкупно номинираните дваесет жени претприемачи да ги одбере најуспешните за оваа, 2017 година.


На манифестацијата присутните имаа можност да ја погледнат модната ревија на еден од најпознатите македонски брендови "АСТИБО ФЕШН ГРУП" и дел од моделите од нивната последна колекција.

Манифестацијата "Избор за најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион" е во организација на Маркетинг агенцијата "Маркетинг Микс" со цел да се промовира женското претприемништво и претприемништвото воопшто како како клучен сегмент во економскиот развој.



Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page