Научете како правилно се пие вино
- marijamaneva
- Nov 8, 2017
- 1 min read
Еве совети како пиењето вино да го претворите во ритуал. Потребни ви се чаши за вино, сад за шишето и отварач.

Виното комбинирајте го со храна. Генерално, црвеното вино оди во комбинација со црвено месо, белото со морска храна. Внимавајте и на вкусовите кои ги комбинирате.
Виното треба да го сервирате на вистинска температура. Црвеното на температура помеѓу 18 и 20 Целзиусови степени (или повеќе), а белото помеѓу 6 и 11 степени.
Одберете вистински чаши за служење. Црвените вина се ставаат во поголеми чаши, но вината кои се сервираат со вечера одат во поголеми чаши без разлика дали бело или црно вино.
Задолжително е чашите да се високи за да се одржува температурата (затоа чашата се држи за вратот).
Ако пиете од старо шише, претурете го виното во специјален сад, а малку оставете во шишето. Со тоа ќе спречите во чашата да турите седимент кој виното го развива со текот на годините.

Младите вина треба да се отворат неколку часа пред дегустација. Тоа уште и се нарекува “оставање виното да дише“ и овозможува на поновите вина да имаат сличен вкус како отстоените.
Виното пијте го бавно и уживајте во вкусот!
Comments