Како да креирате ефикасна Фејсбук реклама
- marijamaneva
- Nov 15, 2017
- 1 min read
Најголем недостаток во креирањето на Фајсбук рекламата е едноставноста во пишувањето на огласот/објавата. Луѓето немаат време или не сакаат да ги толкуваат вашите реклами и да размислуваат што точно вие сте сакале да кажете. Ако не разберат веднаш за што се работи, ќе продолжат да ги читаат останатите објави на Фејсбук и ќе ве игнорираат.
Како да го избегнете ова?
На самиот почеток на постот/рекламата напишете го она што е најважно, онаа информација која на читателите ќе им биде најважна и најкорисна, а потоа продолжете со пишување и објаснување на останатите информации. Одлично би било кога би почнале со прашањето кое вашите клиенти го имаат.
Еве еден пример
Да речеме дека сакате да промовирате часови за индивидуален тренинг. Би требало да го креирате огласот вака:
Зошто да не останете во форма и во текот на зимата? Индивидуалните тренинзи со сертифицираните тренери во „Боди Џим“ ќе ви помогнат во тоа. Потоа наведете ги другите помалку важни работи: каде се одржува тренингот, по која програма ќе се работи, која е цената итн.
Запомтете - Првата реченица е клучна!

Секогаш избегнувајте комплицирани фрази и изрази, особено ако се специфични за вашата индустрија. Во очите на клиентите нема да изгледате повеќе професионално ако користите зборови кои тие не ги разбираат, напротив, ќе ве избегнуваат затоа што ќе се чувствуваат инфериорно.
Среќно во огласувањето!
Comments