top of page

Трагичната несреќа ја лансираше меѓу најпознатите светски манекенки

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 8, 2017
  • 1 min read

Бразилската манекенка Паола Антонини Франка Коста кон крајот на 2014 година ја изгуби едната нога во тешка сообраќајна несреќа, откако пијан возач ја прегази со автомобил.

Иако тогаш се чинеше дека тоа ќе биде крај на нејзината манекенска кариера, Паола покажа дека тоа нема да го скрши нејзиниот дух и дека покрај ампутацијата на ногата, таа сепак може да гради своја кариера.

По оваа несреќа, бразилската манекенка ја продолжи кариерата како модел со протеза и нејзината кариера почна да се развива многу повеќе од периодот пред несреќата.

Освен тоа, активна е и на социјалните мрежи, па така Паола на својот Инстаграм профил веќе има преку 1,6 милиони следбеници на кои им стана инспирација.

Како Паола ги инспирира останатите, можете да видите и на нејзиниот Јутјуб канал со повеќе од 185.000 претплатници.


Opmerkingen


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page