top of page

Биљана Митева - доследноста во исполнувањето на обврските е тајната на секој успешен бизнис

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 29, 2017
  • 2 min read

Раскажете ни ја вашата успешна бизнис приказна, како започна се и како се развиваше до денес?


Компанијата ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани е основана на 07.02.2011 година и истата после поднесената документација до Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно со Законот за управување со пакувањето и отпадот од пакување, на 05.07.2012 година ја доби лиценцата за управување со отпад од пакување.


Во периодот од 05.07.2012 година до 31.12.2012 година ЕКО-ПАК ХИТ ДОО

Кочани склучи договори за управување со отпад од пакување со 48 правни лица.


Бројот на правни лица вклучени во системот постојано се зголемува, односно на крајот на 2013 година изнесува 101 компанија. Во текот на 2014 година се склучени уште 113 нови договори, со што бројот на членките во системот достигнува 214 компании.


Во периодот до 22.03.2016 година, ЕКО-ПАК ХИТ ДОО Кочани во системот за управување и постапување со пакување има склучено договори со 256 правни лица, односно во моментот овој број изнесува 285 правни лица.

Кои се вашите три најзначајни вештини што ве прават успешна жена претприемач?

Комуникативност, доследност и флексибилност.

Во областа на управување со отпадот од пакување основен белег за постигнатиот успех претставува целокупнот тим на ЕКО-ПАК ХИТ. Успехот пред се се должи на комуникацијата и флексибилноста со сите клиенти на ЕКО-ПАК ХИТ, како и доследноста во исполнување на договорните обврски преземени од моја страна со несебична поддршка и активно учество на сите вработени во компанијата.

Кога би можеле кои работи би ги промениле за да го подобрите женското претприемништво и претприемништвото воопшто?

Вклучувањето на жените во раководните органи во сите сегменти на општествениот живот и нивната активна улога во креирање и донесување на одлуки во светот на бизнисот може да придонесе за подобрување на статусот на жените како претприемачи. Како пример за успешна приказна и активно учество на жените во бизнисот е и ЕКО-ПАК ХИТ чиј што тим го сочинуваат главно жени.

Каков совет би им дале на жените кои сакаат да отпочнат сосптвен бизнис?

Не барајте полесен живот, молете се да станете посилен човек. – Џон Кенеди

Ако го посакувате она што никогаш не сте го поседувале, тогаш мора да го правите она што никогаш не сте го правеле. – Коко Шанел

Би додадала уште еден цитат кој што сметам дека е двигател на сите жени кои што сакаат да отпочнат свој бизнис “Бидете херои на своите животи, не жртви” .


Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?

ЕКО-ПАК ХИТ за следната година претендира да биде лидер во регионот за управување со отпад од пакување.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page