Елизабета Ивановска Сентовска - чекорете цврсто и храбро!
- marijamaneva
- Dec 7, 2017
- 2 min read
Раскажете ни ја вашата успешна бизнис приказна, како започна се и како се развиваше до денес?Нашата семејна традиција започнува пред 30 години. Тогаш е отворена фирмата за Бела техника, Аудио и видео опрема Нишелектро Дооел Свети Николе. Успешно опстојува и работи до денес со проширувањето на семејниот бизнис. Отварање на салон за чевли Ани Шус кој се наоѓа на голема површина и успешна работа и опстојува 10 години.Нашата компанија се проширува и со отварање на специјализиран бутик Ана Бела за женска и машка гардероба со многу модерни и уникатни парчиња на гардероба. Бутикот Ана Бела опстојува успешно 2 години. Заедно чекориме во светот на модата.

Кои се вашите три најзначајни вештини што Ве прават успешна жена претприемач?
Моите три вештини се големата мотивираност,упорност и креативност.
Кога би можеле кои работи би ги промениле за да го подобрите женското претприемништво и претприемништвото воопшто?
Зголемување на бројот на жени на раководни места и зголемување на бројот на жени во управни одбори во големи компании како би се зголемила и меѓусебната комуникација меѓу жените со размена на искуства и знаења.
Каков совет би им дале на жените кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис?
За сите оние што размислуваат за отварање на сопствен бизнис би им порачала. Никогаш не остапувајте од сопствената идеја за реализација,упорноста,креативноста,трпеливоста и позитивниот став се клучот за успех. Помеѓу зборовите и делата патот е долг затоа чекорете цврсто и храбро.
Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?
Нашата компанија е во подготовка и во изработка на план за изградба на голем деловен објект во кој на голема површина ќе се отвори новиот бутик Ана Бела Ексклузив. Во кој ќе бидат вработени повеќе млади девојки и жени.
Comentários