top of page

Марија Малиминовска - успешната жена треба да поседува самодоверба и да биде сигурна во тоа што го п

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 30, 2017
  • 3 min read

Раскажете ни ја вашата успешна бизнис приказна, како започна се и како се развиваше до денес?

По успешно завршените мастер студии на Архитектонски Факултет во Скопје, стекнувајќи се со неколку признанија и награди за најуспешен студент и учество во работилници, конференции, како и публикации во доменот на архитектурата, го започнав своето професионално работно искуство како архитект во студио за внатрешно уредување во Скопје. Со финансиска и советодавна подршка од областа на претприемништвото од програмата за развој на Обединети нации (УНДП), во 2016 година основав архитектонско студио за внатрешно уредување во Неготино. Почетокот на 2017 година студиото ја прошири својата дејност во центарот на Скопје, во населба Дебар Маало, со изложбен салон со производи за внатрешно уредување кој нуди широк спектар на внимателно избрани европски брендови за електрични камини, декоративни лајсни, тапети и уникатни парчиња мебел. За овој краток период на постоење, студиото има богато портфолио кое го сочинуваат уникатно уредени ентериери на станбени и деловни објекти и задоволни клиенти во повеќе градови во земјата.

Кои се вашите три најзначајни вештини што ве прават успешна жена претприемач?

Поседувањето на вештини за организација и менаџирање, добрите комуникативни способности и способноста за континуирано учење и надоградување во различни сфери, способноста за снаодливост и соочување со различни предизвици како и способноста за прифаќање на добронамерните критики и мотивирање со позитивните коментари се според мене најзначајните вештини што ме прават да бидам дел од успешните приказни на жени претприемачи. Успешната жена треба пред се да поседува самодоверба и да биде сигурна во себе и во она што го работи, да работи со љубов и исполнетост, да има прецизно поставени цели и да се посвети кон реализација и остварување на истите со голема желба за успех.

Кога би можеле кои работи би ги промениле за да го подобрите женското претприемништво и претприемништвото воопшто?

Со цел поттикнување на женското претприемништво постојат неколку организации и здруженија на бизнис лидери во нашата земја, чии цели повеќе би ги насочила кон едукација и организирање на разни обуки, семинари и работилници за стекнување на специфични способности и знаења од сферата на претприемништвото, со цел влевање на самодоверба и охрабрување на идните жени претприемачи. Според мене е многу важно да се верува во младите, да им се даде шанса да покажат што знаат, повеќе да се потенцира претприемачкото размислување уште во образовниот процес, да се стави акцент кон иновации, истражување на нови технологии и лична едукација, со што ќе се создадат повеќе храбри претприемачи кои ќе превземаат иницијативи за реализирање на своите идеи. Секако еден од клучните аспекти во подобрување на претприемништвото воопшто е золемувањето на програмите и организациите за финансиска подршка на младите бизниси.

Каков совет би им дале на жените кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис?

Храброста, упорноста и посветеноста се клучните квалитети кои водат кон успешен бизнис. Мојот совет кон идните жени претприемачи е пред се да вложуваат во едукација и усовршување во својата професија и во областа на претприемништвото, да бидат храбри и да веруваат во својата идеја која треба добро да ја разработат за да ја реализираат во бизнис, да имаат реални очекувања од сопствениот бизнис и да успеат да најдат начин успешно да се справуваат со предизвиците кои ги очекуваат. Според мене клучот за зголемување на шансите за успех е да се насочат кон креативни и оригинални идеи, нешто што го нема на пазарот и особено внимание да се посвети кон созадавање идентитет и препознатливост.

Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?

Визијата на ,,ММ СТУДИО'' како архитектонско студио за внатрешно уредување е да прерасне во студио со поголем тим на професионалци во областа на архитектурата, внатрешешниот дизајн и изведбата на ентериери. Моите идни планови како сопственик на студиото се усовршување и доедуцирање, проширување на студиото со поголем тим на архитекти и дизајнери и зголемување на палетата на производи за внатрешно уредување прераснувајќи во поголем изложбен салон. Основната цел на студиото е да ви помогне да го претворите вашиот простор во дом кој го посакувате, создавајќи совршен баланс помеѓу стилот, практичноста и удобноста со цел да се создаде естетски убав а сепак функционален ентериер, прилагодувајќи се на убавината на модерното живеење, дом во кој ќе започнете да ги испишувате вашите приказни.


Commentaires


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page