top of page

Живица Мицкова - пасијата претвори ја во план, а планот во цел и ќе успееш

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 30, 2017
  • 2 min read

Раскажете ни ја вашата успешна бизнис приказна, како започна се и како се развиваше до денес?

Пасијата према модата која што ја имав долго време, се претвори во план,а планот во цел. Со точна дефинирана цел и посветеност, во 2004 година се отвори мојата пасија наречена Бутик LooK. Со текот на годините, а и побарувачката покрај женска гардероба во нашиот асортиман вклучивме и машка гардероба. Во Октомври 2013 година, решивме нашиот бизнис да го прошириме па така покрај Неготино, Бутик LooK се отвори и во Кавадарци.Нашиот тим се состои од 5 члена, кои успешно работат во постигнување на задоволни потрошувачи, колективна мотивација, а сето тоа придонесува и за успешна работа.

Кои се вашите три најзначајни вештини што ве прават успешна жена претприемач?

Амбициозност, посветеност, комуникативност.

Секогаш се натпреварувам со самата себе и се трудам да бидам се подобра и подобра.Оваа работа бара голема посветеност иако од страна изгледа едноставно,без инвестиција во својот личен развој успехот тешко се постигнува. Способноста да комуницираш со различни луѓе,давањето и примањето на повратни информации се дел од мојата природа. Сакам да работам со луѓе, љубезноста и насмевката се доволни да се стигне до целта,а и позитивно влијаат на расположението на целиот тим.

Кога би можеле кои работи би ги промениле за да го подобрите женското претприемништво и претприемништвото воопшто?

Истражувањата во другите држави покажале голем раст во економијата од компаниите предводени од жени, но во нашата држава во пракса сеуште владеат некои стереотипи кои со тек на годините бележат гокем напредок во однос на прашањето дали бизнисот е машка или женска работа. Самиот приод на жените во бизнисот е покреативен. Препорачувам секоја жена која има јасна цел да се избори сама за својот успех.

Каков совет би им дале на жените кои сакаат да отпочнат сосптвен бизнис?

Сонувајте го вашиот сон и верувајте во себе.Не плашете се!

Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?

Како што вели насловот на книгата од Коста Петров " Се гледаме на врвот "

Макар и едно скалило, чекор по чекор без брзање но сигурно за една година се стреминр кон проширување на бизнисот низ Македонија.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page