top of page

Како да напредувате: 4 златни совети на Аријана Хафингтон

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 29, 2017
  • 1 min read

Сакате да напредувате на работа, но и во приватниот живот. Аријана Хафингтон, успешна бизнис жена и една од основачите на „Хафингтон Пост“ има многу важни совети на оваа тема.

Наспијте се добро

После квалитетно проспиена ноќ, подготвени сте за дневните предизвици. Кога ќе се наспиете од 7 до 9 часа, лесно ќе ги извршувате обврските, нема да реагирате на негативните работи околу вас и ќе донесете одлука со леснотија.

Оставете го својот мобилен телефон

Најадобар начин да работите на вашиот напредок е повремено да си правите дигитална детоксикација која на сите понекогаш ни е потребна. Ако пред спиење не го оддалечите својот мобилен телефон, постои можност во текот на ноќта да паднете во искушение да прегледувате елекронска пошта или што е уште полошо да ги посетувате социјалните мрежи.

Не го прескокнувајте појадокот

Уште еден совет кој сите го знаеме, но не го почитуваме, но е клучен рецепт за Аријана Хафингтон. Многу луѓе денот го започнуваат под стрес, не внесуваат доволно калории и не јадат здрави оброци. За да успеете на работа, да имате успешен и продуктивен ден, важно е да оставите доволно време за појадок.

Направете пауза

Земете го колегата под рака и отидете во ресторан или во парк за да изедете нешто здраво. Барем половина час во текот на работниот ден обидете се да одморите од се што ве опкружува.


Bình luận


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page