top of page

Како да ја спречите настинката

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 29, 2017
  • 3 min read

Студеното и непредвидливо време во текот на зимата често е главна причина за настинка. А сезонскиот грип е нешто што многу луѓе не успеваат да го избегнат. Проверете кои се 9-те природни лекови против грип и настинка


Вино Виното може да ви послужи повеќе какопрофилактично средство за заштита од грипи настинка, бидејќи го зајакнуваимунитетот. Се користи, исто така и залекување на акутна кашлица. Половиначаша мед се раствора во 1 литар вино. Предсекој оброк земајте 1 супена лажица одлекот.


Ѓумбир Ѓумбирот има антисептично, антибактериски и противовирусно дејство.Го стимулира потењето и на тој начинпомага за исфрлање на токсините од организмот. Освен тоа ја смирувакашлицата и лекува болно грло.

При болки во грлото земајте 1 супена лажица од 400 гр. мед измешана со 1 чаена лажица сув ѓумбир, пред секој оброк.


Пилешка супа Пилешката супа е задолжителен лек при настинка и грип, бидејќи ќе го снабди организмот сопотребните хранливи материи и витамини. Имајќи во предвид дека во моментот на болест имунолошкиот систем работи со полна пареа и корисните состојки во телото се трошат, состојкитево пилешката супа се совршена антивирусна и антибактериска природна медицина. Освен тоа, сонеа ги лекувате и дишните патишта.

Сол Иако доста луѓе тврдат дека солта е штетна за луѓето, всушност при грип и настинка таа може да емногу корисна, бидејќи ги прочистува дишните патишта и го снабдува телото со минерали. Раствород сол и вода може да се користи при лекување на настинка, а жешка када за нозете од топла водаи 1 грст морска сол помагаат да се загреете и релаксирате.

Свинска маст Свинската маст е присутна во голем дел од бабините рецепти за лекување на грип и настинка.Главната причина е нејзината функција на загревање на организмот . Обично се применува во форма на облоги или за масажа. При настинка телото на болниот се масира со мешавина од 2 супени лажици свинска маст, 1/2 чаша мастика, 1 чаена лажица сода бикарбона, 1 чаена лажица морска сол.

Цвекло Цвеклото спаѓа во зеленчуци, најмногу богати со витамини и минерали. Задолжителен е во вашетосекојдневно мени, особено во сезоната на грипови и вируси, бидејќи ја потпомага функцијата наодделни органи и го прочистува организмот. Доволно е да земате сокови од цвекло, за да ја подигнете одбранбената моќ на организмот. Измиксирајте цвекло со јаболко и лимон, или цвеклосо моркови, за да се опоравите што побрзо . Не претерувајте со чистиот сок од цвекло, бидејќиможе да предизвикате контраефект.


Чаеви Топлите чаеви се задолжителни при лекување на грип и настинка. Причината е дека го загреваат телото, помагаат да се испотите, ги ублажуваат болките во грлото, спречуваат дехидрација и го полнат организмот со корисни материи. Препорачуваме чај од шипинка, кантарион, камилица, нане или јаглика.


Црн бибер Црниот бибер е испитано средство од кујната при лекување на настинка. Причината е дека зачинотима способност да ги убива вирусите и да го тонизира организмот. При грип или настинка пијтеварено вино со мелен црн пипер. А при силна кашлица направете 100 грама мед, помешан со ленено семе (50г), едно морско оревчеи 25 грама мелен, црн бибер.

Лук Искористете ги предностите на антисептичното дејство на лукот, кога сте болни од грип илинастинка. Освен тоа лукот служи за детоксикација на организмот и освен што ги исфрла штетните материи, го полни телото со витамин Ц. Лукот се користи и за зајакнување на имунолошкиот систем, за после боледување да се опорави побрзо. Имајте на ум дека, сепак, не се препорачува на луѓе кои страдаат од чир или гастритис.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page