Од кое село е баба ти? - нов македонски телевизиски проект
- marijamaneva
- Nov 16, 2017
- 1 min read
Колку и далеку да ве однел животот, никогаш не заборавајте ги вашите корени.
Од оваа недела (19 ноември) со почеток од 10 часот, на Телевизијата 24 вести ќе започне да се емитува емисијата „Од кое село е баба ти“?
Секоја седмица различни познати имиња од Македонија, ќе нѐ запознаваат со сопствените корени и ќе ни ги претстават убавините, обичаите, културните и историски знаменитости на местата од каде што потекнуваат.
Во првото издание на емисијата „Од кое село е баба ти“ ќе може да го погледнете македонскиот полноќен каубој Јаков Дренковски, а водител на емисијата е Регина Икономовска.
Емисијата е во продукција на Маркетинг агенцијата и продукција „Маркетинг Микс“ која досега ги реализираше и телевизиските проекти „55 минути“ и „На Шанк“ .
Погледенете ја најавата за правата емисија „Од кое село е баба ти?“

Comments