top of page

Го знаeте ли правилото 10-30-20

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 8, 2017
  • 2 min read

„Говорникот треба да има на ум три работи: што говори, кому говори и како говори“ - Цицерон

Дали ве фаќа паника кога треба да подготвите презентација? Ве облива ли ладна пот само на помислата дека треба да имате јавен настап? Не грижете се... Не сте сами.

Голем број луѓе се плашат да зборуваат јавно. Според најновите истражувања стравот од јавен настап е еден од најголемите стравови и присутен е кај 70% од популацијата. Тој страв е најизразен кога треба да одржите презентација.

Без разлика за каква презентација станува збор, целта е да се пренесе пораката на јасен и разбирлив начин. Освен тоа, сигурно сакате вашата публика да ја запомти пораката која ја пренесувате. Во продолжение ви пренесуваме 5 совети кои ќе ја зајакнат вашата презентација, а вие ќе блеснете во вашиот вистински сјај.

1. Фокусирајте се на публиката

Наместо да размислувате за тоа што сакате да кажете, мислете на вашата публика, односно на тоа, што таа би сакала да слушне. Не случајно се вели дека за успешна презентација треба да се запознае публиката. Нештата стануваат многу полесни и поедноставни кога знаете кој седи пред вас и каква порака сакате да пренесете.

2. Правило 10-30-20

Ова правило го воведе Гај Кавасаки, а се однесува на Power Point презентацијата. Кавасаки тврди дека презентацијата не смее да биде подолга од 10 слајдови, буквите не треба да бидат напишани со фонт поголем од 30, а целата презентација не смее да трае повеќе од 20 минути.

3. Keep it simple

Ова е правило на едноставноста. Се разбира дека за вашата презентација сте се подготвиле многу добро, сте ги направиле сите потребни истражувања, располагате со бројки, статистики, приктични примери и сл., сепак немојте да оптеретувате со сите информации кои ги занете. Поедноставете ги работите, вашата цел сигурно не е публиката да почне да се прозева или да гледа на часовникот. Колку поедноставно, толку поефикасно.

4. Зачинете со лична приказна

Разбијте ја монотонијата на презентацијата преку раскажување на лична приказна, лично искуство, нашалете се, покажете дека сте заинтересирани за ова што го правите. За да ја држите концентрацијата на публиката под контрола, мора од време на време да ги „разбудите“.

5. Вежбајте до совршенство

Вежбајте ја презентацијата до совршенство. Вежбајте, снимајте се, слушајте сеи подобрувајте го вашиот говор. Тоа е клучот за успехот.

На крај запомтете ги зборовите на Ралф Емерсон, големиот америкаснки писател и оратор – Сите големи говорници, на почетокот биле лоши -.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page