Што се топло-ладно врски и зошто толку се популарни?
- marijamaneva
- Nov 9, 2017
- 1 min read
Ви се допаѓал, а потоа одеднаш ви станал здодевен или обратно. Ова се најчестите чувства кои ги следат таканаречените топло-ладно врски.
Кога се вели здодевност одеднаш, се мисли на моментите кога партнерот ќе почне да ве опсипува со пораки, внимание, често ќе зборува дека сака да ве види, ќе ве следи во чекор дури и на социјалните мрежи.
Ваквото однесување не е воопшто чудно и не е типично само за тинејџерите туку и за зрелите луѓе.

Зашто не ни се интересни луѓето кои постојано ни се достапни?
Психолозите велат дека постојат неколку причини за тоа.
Првата и основна е дека луѓето по природа сакаат лов, неизвесност и игра, а штом резултатот ни е познат, го губиме интересот.
Но одговорот може да лежи и во нешто сосема друго, а за тоа воопшто и да не сме свесни, а се работи за бегство од интимноста.
Кога стануваме поинтимни со некого, паѓаат сите маски и ѕидови кои внимателно сме ги граделе со години. Така стануваме поосетливи и поранливи, па лесно можеме од врската да излеземе повредени.
Токму заради тоа многумина се повлекуваат кога другата страна ќе покаже голем нтерес бидејќи на тој начин се штитиме од можните повредувања.
Третата причина може да биде очајот. Упорните личности кои понекогаш не ни дозволуваат нормално да дишеме, апсолутно стануваат непожелни партнери.
Comentarios