top of page

Покана за учество на бизнис‐коктел

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 9, 2017
  • 1 min read

Здружението на бизнис жени и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување

Ве покануваат да земете учество на бизнис‐коктелот „Жените претприемачки заедно за успех ‐ што ни е потребно на патот наречен претприемништво? “ кој е дел од промотивната кампања „И јас сум претприемач“ и одбележување на Светскиот ден на жената претприемачка 17 ноември 2017.

Настанот е во рамки на проектот„Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“,финансиран од Европската Унија како и одбележување на Светскиот ден на жената претприемачка (WED).

Целта на бизнис‐коктелот е да се мотивираат жените претприемачки да го изразат своето мислење, да се мотивираат да продолжат да работат на себе и помеѓу себе и да остварат корисни бизнис‐контакти.

Агенда, 17 ноември 2017 – Мериот Хотел Скопје 17:30 – 18:00 Регистрација на учесници 18:00 – 19:10 Отворена трибина на тема: Креирање на поволен деловен амбиент, пристап до финансии и инфраструктура за поддршка на женското претприемништво 19:10 – 19:30 Проекција на документарно видео „И јас сум претприемач“ 19:30 – 21:00 Коктел и бизнис вмрежување

Заклучоците од дискусијата ќе бидат презентирани во форма на policy brief пред релевантни чинители за поддршка на растот и развојот на женското претприемништво, додека пак бизнис вмрежувањето ќе даде можност за нови деловни контакти и размена на искуства помеѓу жените од бизнис заедницата.

Бројот на места е ограничен, принципот на пријавување е прв пријавен прв услужен Заинтересираните можат да се пријавите на маил: info@abw.mk


Comentarios


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page