top of page

Како да го одберете вистинскиот кандидат за работа?

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Nov 8, 2017
  • 1 min read

Барањето нова работа е стресно за секој поединец. Но и работодавачите исто така се соочуваат со големи предизвици во процесот на ангажирање на вистинскиот работник.

Без разлика на одличното професионално портфолио и прикажаните таленти, сепак во личната комуникација за време на интервјуата може да се дојде до многу позначајни информации кои ќе ви помогнат да се одлучите дали тоа е вистинскиот човек за работната позиција во вашата фирма.

При оценката на кандидатите имајте ги предвид следниве четири критериуми:

Добро подготвен кандидат

Тоа е кандидат кој ги знае сите важни информации за вашата фирма и има подготвени прашања за работодавачот. Ова секако оди во прилог на кандидатот, затоа што на тој начин може да се забележи дека кандидатот не се пријавил само за да дојде до било каква работа, туку затоа што навистина ја сака работната позиција во вашата фирма.

Точност

Ако кандидатот задоцни на разговор за работа тогаш тешко дека ќе остави добар впечаток. Правилото за точноста треба да се почитува и од страна на кандидатот за работната позиција, но и од страна на работодавачите.

Високо ниво на енергија

Тоа што работодавачите го почитуваат покрај квалификациите и талентот се и ентузијазмот и енергијата која луѓето ја имаат кога доаѓаат на разговор за работа.

Е-маил во знак на благодарност

Испраќање на електронска пошта во знак на благодарност за овозможената прилика уште истиот ден кога се вршело интервјуто е одлична пракса. Ако сте кандидат за работа, тогаш применете го ова, доколку сте работодавач доколку добиете ваков маил, тогаш размислете добро за тој кандидат, големи се шансите тој да е вистинскиот.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page