Благица Велкова - задоволните клиенти ве прават успешни
- marijamaneva
- Dec 13, 2017
- 1 min read
Раскажете ни ја вашата успешна бизнис приказна, како започна се и како се развиваше до денес?
Да се биде жена претприемач е голем предизвик и одговорност пред се кон самиот себе,тоа значи да се биде храбар, умешен решителен, сигурен во тоа што се работи, комуникативен и секако спремен сите свои доблести и умешности да ги споделиш со сите.
Да бидеш способен да даваш но и да примаш,да бидеш грижлив и достоен за сите што се околу вас.

Кои се вашите три најзначајни вештини што ве прават успешна жена претприемач?
Политиката,сигурноста за работа и опстанокот во сопствената земја.
Каков совет би им дале на жените кои сакаат да отпочнат сосптвен бизнис?
Македонската жена е ВРЕДНА ,УПОРНА,а пред се пожртвувана мајка што се повеке треба да се вреднува Да го сакаат тоа што го работат,да бидат упорни и кога ке работат да работат за себе и за задоволствата на другите..Без нашите обожаватели и нивните задоволства ние нема да бидеме ни малку комплетни.
Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?
Како и сите така и ние како ,,СВИТ - АРТ,, во која што се вработени 15 лица исклучиво жени ,имаме свои соништа.Постојано се надоградуваме, учиме од поискусните од нас,а со сето тоа и нашата цел за понатаму е да се специјализираме во одреден дел што ке делува на глобално ниво, но засега нека остане тајна.
Comments