top of page

Стефка Дробарова - да се биде добар претприемач значи да се има иницијатива

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Dec 11, 2017
  • 2 min read

Раскажете ни ја вашата успешна изнис приказна, како започна сè и како се развиваше до денес?

-Мојата бизнис приказна започна пред околу 18 години. Ретко кој млад човек, јас тогаш имав само 20 години, толку упорно го следи својот сон. Меѓутоа, само големата желба и упорноста ме донесоа до тоа што сум денес. Започнав во едно мало дуќанче, а денес веќе имам свое препознатливо име и бренд „Стил“. Тука морам да напоменам и дека дојдов во сосема непозната средина, што е особено важно, бидејќи многу е полесен почетокот во средина во која те познаваат луѓето. Но, успехот што го достигнав и славата што ја стекнав се доказ дека сè во животот може да се постигне ако си упорен и амбициозен. Секој треба да го изгради патот до својата претприемачка иднина.

Кои се вашите три најзначајни вештини што ве прават успешна жена претприемач?

-Иновативност, умешност и знаење.

-Да се биде добар претприемач значи да се има иницијатива, односно да ја сакаш својата работа, но и будно да се следат случувањата во бизнис секторот. Важно е да се знае што ја прави жената среќна, каде да ја насочи енергијата и креативниот дух. Покрај тоа, ако знаеш да направиш добра комбинација од сопствената умешност и знаење, праксата, и тоа што го бараат клиентите, успехот секако, е гарантиран.

Кога би можеле, кои работи би ги промениле за да го подобрите женското претприемништво и претприемништвото воопшто?

-Според мене, кога зборуваме за жените претприемачки можам само да ги пофалам за храброста, одлучноста, ангажираноста, посветеноста, сестраноста и многу други особини кои ги имаат жените претприемачки. Но, ако нешто морам и сакам да променам, тоа е општествената дискриминација која сè уште постои, иако верувам, тоа веќе постепено се надминува. Стоп на гледањето на женскиот пол како слабост, бидејќи бројни примери ни ја докажуваат женската способност во стремежот да ги надминат своите машки конкуренти.

Каков совет би им дале на жените кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис?

-Едно е сигурно, денес жените се мудри вредни, амбициозни, храбри, силни, упорни, истрајни, успешни мајки и сопруги. За да го најде своето место во општеството како жена претприемач, треба да има голема самодоверба за тоа што го работи, да биде упорна, подготвена да се соочи со сите предизвици што ги носи нејзината професија, да биде вешта во управувањето, а во исто време, да ги поседува сите карактеристики на квалитетен лидер и менаџер. Затоа девојки, следете ја вашата женска интуиција, верувајте во вашите способности, бидете упорни и вашиот сон ќе стане реалност

Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?

-Па, никој со сигурност не може да знае што ќе биде во иднина, меѓутоа моите планови и размислувања за понатамошниот период одат во насока на проширување на дејноста во други градови во Македонија. Она што јас сум го стекнала за овие дваесетина години, моето искуство и знаење, сакам да им го пренесам на помладите генерации кои, можеби, и тие еден ден ќе имаат своја успешна бизнис кариера.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page