top of page

Јагода Пачемска - истрајноста и правилниот пристап кон работата ве носат кон успехот

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Dec 11, 2017
  • 2 min read

Раскажете ни ја вашата успешна бизнис приказна, како започна се и како се пазвиваше до денес?

Скоро 20 години се занимавам со аранжирање на цвеќе. Од самиот почеток јас се пронајдов во оваа професија. Со подршка на моето семејство ја основавме фирмата Арт студио Фа-Бу. Како времето одминуваше јас си изградив личен препознатлив стил во работата. Добивањето на довербата од моите потрошувачи уште повеќе ме потикнуваше постојано да им презентирам новитети така што се надминував сама себеси... Мојата љубов кон цвеќето и креативноста на оваа работа од пред 2 години ме однесоа во светот на модата, односно почнав да дизајнирам фустани, чевли, накит... Едноставно ми стана предизвик, се што е носливо. Моето прво појавување пред поголемата јавност се случи на 11 моден викенд 2015. Од тогаш па наваму сум вклучена скоро на секој настан со мој аранжман. Моментално на мое задоволство работам и со група на креативни дечиња од СОС детско село Скопје, каде изработуваме аранжмани кои веднаш потоа одат на продажба со хуманитарна цел.

Кои се вашите 3 најзначајни вештини што ве прават успешна жена?

ЉУБОВТА кон работата, ВЕРБАТА во себе и ИСТРАЈНОСТА односно пристапот кон препреките кои се испречуваат пред нас, а немоиновно ги има во секој бизнис... Верувам ќе се сложите ќе си го направат своето.

Каков совет би им дале на жените кои сакаат да одпочнат сопствен бизнис?

Пред започнување на секој бизнис секој треба да се преиспита дали се пронаоѓа во него. Јасната цел ви ја создава самодовербата, а истрајноста и пристапот ве носат кон успехот.

Кога би можеле кои работи би ги промениле за да го подобрите женското претприемништво и претприемништвото воопшто?

Сметам дека е повеќе од потребно стимулирање односно, потпомагање на помалите бизниси (од едукација до финансиско) со што повеќе би ги охрабриле идните жени претприемачи.

Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?

За иднава 2018 год. веќе имам во план неколку проекти со кои ќе отидам малку подалеку од досегашниве.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page