Ивана Трендафилова - секоја вештина искористена правилно може да резултира со успех
- marijamaneva
- Dec 12, 2017
- 2 min read
Раскажете ни ја вашата успешна бизнис приказна, како започна се и како се развиваше до денес?
Живеејќи го сопственото секојдневие, постојано сакав да работам нешто што ми овозможуваше едно чувство на креативност, задоволство и радост кога ќе ја завршев работата. Мојот младешки дух постојано ми носеше идеи што следно би правела и секогаш моето слободно време го користев да создадам нешто. Мојот лајт мотив во започнувањето на мојов бизнис беше дека моја цел ќе биде да ги направам моите клиенти среќни. Водејќи се од мојата желба мојата визија ја насочив кон изнудување на насмевки на детските лица, и започнав со изработка на „Хартени торти“ украсени со нивните омилени јунаци од цртаните. Овие „Хартиени торти“ беа дел од одбележувањето на нивниот роденден. Потоа од изработката на овие торти дојдов на идеја да ги украсувам и нивните роденденски забави. Ова веќе беше едно поголемо наговестување на „Ателје Ивана“. Па така небројни се родендените кои биле со ликот на Мики и Мини, Елза и Ана од Фроузен, Hello Kitty и уште многу нивни омилени ликови од цртаните. Заедно со помош на моите соработници успевавме да одговориме на секое нивно барање и на секоја нивна желба.

Кои се вашите три најзначајни вештини што ве прават успешна жена претприемач?
Секоја вештина искористена правилно може да резултира со успех. Сметам дека мојата комуникативност и снаодливост ми се од голема помош во работата, како и брзината, спретноста со што изработката на сите мали парчиња и детали ги правам за многу кратко време.
Каков совет би им дале на жените кои сакаат да отпочнат сосптвен бизнис?
Топло им препорачувам да се охрабрат, да ги нудат своите услуги и своите знаења дали преку интернет на почеток па потоа и со своја сопствена канцеларија или мал бизнис. Да посетуваат обуки и курсеви кои ќе им помогнат во проширување на знаењата и секако да бидат храбри и да се борат да ги остварат нивните идеи за сопствен бизнис.
Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?
Моите идни планови се состојат од проширување на тимот, уште попосветено работење и овозможување на целосна организација и декорација со тим за осветлување.
Comments