top of page

Елица Пендева Митревска - со инвестиција во себе, во проектот и упорна работа, успехот е загарантира

  • Writer: marijamaneva
    marijamaneva
  • Dec 1, 2017
  • 2 min read

Раскажете ни ја вашата успешна бизнис приказна, како започна се и како се развиваше до денес?

Козметичкиот салон Висаж започна со работа во 2000 година и е прв козметички салон во Кавадарци, во центарот на градот со комплетна понуда на услуги за разубавување како: јапонско исцртување на веѓи,трајна шминка на очи и усни, пополнување на усни и брчки со филери, надоградба на нокти гел/акрил техника и дизајни, професионална шминка и сл.

Во соработка со работнички универзитет имаме школа за обука на млади кои што имаат желба и талент за да станат професионални козметичари и можат да изучуваат курсеви и да ги совладаат сите техники за изработка на нокти,шминка и сл. Во склоп на студиото пред неполни 5 години отворивме и агенција за професионално осветлување, декорација и организација на свадби, родендени, крштевки и секаков вид на прослави.

Минатата 2016 година учествувавме на најпрестижниот и најгламурозниот тридневен саем за венчавки во Македонија.

Агенцијата им нуди на сите идни младоженци свадба како од бајките со комплетно осветлување на просторот најновите 3д ефекти, звездено небо,вмашини за магла, снег, балони , ласери, огномети, светлечки фонтани,чоколадни фонтани и комплетна декорација на просторот со кристали, вештачко или природно цвеке, секако по желба на младите.

Декорација на роденденски прослави со балони, фигури и мини забавен парк децата.

Кои се вашите три најзначајни вештини што ве прават успешна жена претприемач?

УПОРНОСТ, КОМУНИКАТИВНОСТ И КРЕАТИВНОСТ

За да имате успех во работата мора да се биде максимално посветен и да се вложи многу време и енергија и секако да се сака работата за која сме се определиле. Во нашата работа квалитетот и креативноста се на прво место и затоа јас и мојот тим вложуваме многу труд за нашите клиенти да бидат задоволни.

Кога би можеле кои работи би ги промениле за да го подобрите женското претприемништво и претприемништвото воопшто?

За подобрување на женското претприемништво во Македонија најважно е пред се секоја жена да верува во себе, во својата способност за добро менаџиранње,во своите квалитети и идеи и со одличен бизнис план проект, да се вклучи во бизнис секторот во Македонија, со инвестиција во себе, во проектот и упорна работа успехот е загарантиран.

Каков совет би им дале на жените кои сакаат да отпочнат сосптвен бизнис?

Бидете храбри,одлучни,верувајте во себе и во своите вештини и талент и никогаш не се откажувајте од својата замислена цел.

Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?

Нашето 17 годишно искуство покажа дека како поминуваат годините се подигнува свеста кај жените и секако желбата да бидат негувани. Нашите идни планови се да прераснеме во СПА центар кој долго време е потребен на градот и секако да се зголеми капацитетот за обука на младите идни козметичари.

И секако, ние сега и во иднина ќе ги следиме светските трендови како во делот на козметиката така и во делот на декорација и осветлувањето и претворање на свадбените веселби во модерни и елегантни.


Comments


ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ
bottom of page