Заслужувате ли титула „Најдобар колега“
- marijamaneva
- Nov 6, 2017
- 2 min read
Односот со колегите е многу важен, затоа што тоа го гради и одржува не само тимскиот дух, туку и мотивираноста и ентузијазмот на вработените, што во крајна линија се рефлектира врз успешното работење на компанијата.
Прочитајте кои правила важат и треба да се почитуваат за да можете заслужено да ја добиете титулата „Најдобар колега“:

Прашајте пред да позајмите нешто. Едноставно е, не земајте туѓи работи без дозвола, без разлика дали се работи за хефталка или нечие кафе.
Мијте си ги чашите. Доколку сте од оние што суптилно ги оставаат шолјите во садоперот со мисла дека некој друг ќе ги измие наместо вас, вие сте лош колега. Чистете си зад себе.
Задржувајте и отворајте ги вратите на колегите. Особено внимавајте на бремените, постарите колеги и оние кои носат поголем товар. Никако не затворајте им ја вратата пред нос, без да ја задржите.
Внимавајте на јачината на ѕвонењето на вашиот телефон. Особено лошо е кога телефонот ви ѕвони прегласно. Воедно, не заборавајте го постојано на вашето биро додека сте отсутни. Константното ѕвонење и неодговарање на повиците ја уништува работната атмосфера и односите.
Не озборувајте. Не се вплеткувајте во нечии туѓи замрсени односи. Намалете го копчето на сопствената љубопитност, бидејќи ништо добро не излегува од душкање наоколу. Издигнете се над сите озборувачки муабети и оние кои сакаат да ве вовлечат во истите.
Трудете се да јадете едноставни оброци. Доколку сепак не саката да јадете надвор од работното место и тоа мора да го правите на бирото, потрудете се да јадете едноставни јадења кои нема да ја умирисаат целата канцеларија. Сендвич, салата или некој мафин се најдобриот избор. Замислете цел ден канцеларијата да мириса на зачинето месо или паста.
Секогаш понудете ги колегите со кафе или чај кога си правите за себе. Тоа е едноставно учтиво. Воедно, секогаш кога се купува чај/кафе/млеко/шеќер, внимавајте да дадете пари, односно свој придонес.
Оставете ги лошите навики дома. Пцуење. Гласно џвакање. Пукање балончиња со мастика. Гласно зборување и смеење на телефон. Сите имаме понекоја лоша навика, на која местото не ѝ е на работа.
Comments