Обука за пишување проекти
- marijamaneva
- Nov 9, 2017
- 1 min read
Научете како се развива една идеја до реализација или доколку веќе имате некоја идеја за проект, креативно решение за некој општествен предизвик ЦЕКОС ќе ви пружи стручна помош да ја/го реализирате преку организирање на меѓународен проект и ќе ви обезбедиме ментор за да ви помогне да ја поднесете проектната апликација за грант.

Оваа обука е наменета за секој што сака да научи како се пишуваат проектни апликации за неповратен грант од програмите на УСАИД и Европската Унија како Еразмус+, HORIZON 2020, IPA II, Creative Europe, Вишеградски фонд… Обуката трае 2 дена плус дополнителни менторски средби се до поднесување на проектната апликација. Со учество на оваа обука добивате: – можност за развој на ваша идеја до реализација – насоки за начинот на пополнување на апликацијата – совети за избегнување на честите грешки кои се прават при пополнување – вмрежување со локални и странски партнери – практична индивидуална и тимска работа со надзор – совети за изработка на солидна проектна апликација – менторска поддршка за подготовка на проектната апликација Обучувач: Сања Стојчева, со 14 години искуство како менаџер на ЕУ прокети и 8 години искуство во пишување ЕУ проекти. Јазик на кој ќе се одвива обуката: македонски, но пожелно е најмалку средно ниво на познавање англиски јазик бидејќи се работи за апликации на англиски. Погодно за: студентски организации, младински организации, граѓански организации, претприемачи, стартапи, бизнис сектор, образовни институции. Резервирајте го вашето место на време. Краен рок за пријавување е 2ри декември. Доколку имате прашања слободно можете да не контактирате на следната е-мејл адреса: obuki.cekos@gmail.com или на телефонскиот број: 078 345 700.
Comments