Објавени номинираните жени претприемачи за 2017 година
- marijamaneva
- Nov 20, 2017
- 1 min read
Годинава по вторпат се организира Изборот за најуспешна жена претприемач за источен и југоисточен регион, а од денес (20 ноември) во наредните седум дена на нашата Фејбукс страница „Жените во економијата“ ќе ги претставиме сите номинирани жени претприемачи за 2017 година.

И оваа година ќе бидат доделени седум признанија и тоа:
-Најуспешна жена претприемач за 2017 година,
-Најуспешна жена претприемач за 2017 година во категоријата - Бизнис со најголем потенцијал,
-Најуспешна жена претприемач за 2017 година во категоријата - Бизнис со најголем раст,
-Најуспешна жена претприемач за 2017 година во категоријата - Најмлад бизнис,
-Најуспешна жена претприемач за 2017 година во категоријата - Најкреативен бизнис,
-Најуспешна жена претприемач за 2017 година во категоријата - Бизнис со најдолга традиција,
- Најуспешна жена претприемач за 2017 година според публиката (ова признание се доделува врз основа на добиениот број гласови/лајкови на гласањето кое ќе биде спроведено во периодот од 4 до 14 декември)
Сите новости поврзани со оваа манифестација можете да ги следите на веб-порталот www.zenitevoekonomijata.com како и на Фејсбук страницата „Жените во економијата“.
Comentarios