Соња Богевска - поддршката од семејството е многу важна
- marijamaneva
- Dec 5, 2017
- 1 min read
Раскажете ни ја вашата успешна бизнис приказна, како започна се и како се развиваше до денес?
Претходното приватно работење на мојата фамилија со бурек и бели печива и неколку годишната пауза, ја поткрена мојата иницијатива за бизнис од ваков карактер но со помодерен и поширок асортиман следејќи ги вкусовите на клиентите и добивајќи повеќе идеи за поголемо унапредување на бизнисот. Секако би ја споменала и поддршката од моите најблиски која го поттикна најголемиот морал.

Кои се вашите три најзначајни вештини што ве прават успешна жена претприемач?
Како мои три најзначајни вештини би ги издвоила:добрата организираност, упорноста и истрајноста.
Кога би можеле кои работи би ги промениле за да го подобрите женското претприемништво и претприемништвото воопшто?
За опстанок како претприемач мораш да бидеш финансов менаџер, правник, економист, мотиватор, едукатор...За успешно да се одговори на сите овие предизвици, кога би можела, би овозможила повеќе проектни активности во кои ќе бидат вклучени модулите за обука(фокусираност врз купувачот,подобрување на финансиска писменост и зголемување на вештините за водење и мотивирање) во претприемништвото. Ова посебно се однесува за почетниците на кои ќе им биде од голема помош.
Каков совет би им дале на жените кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис?
Доколку постои желба и способност за некоја професија, не се колебајте. Комбинацијата од вложениот труд, храброста, самодовербата и трпеливоста водат кон зацртаната цел.
Какви се вашите идни планови, каде се гледате себе и вашиот бизнис за една година?
Моите идни планови, можеби не за една година,се во поголемо проширување на бизнисот. Следење и преземање на секакви новитети, секогаш во тек со новатата технологија на опрема во бизнисот, поголем пласман и секогаш потреба од проширување на тимот за работење.
Comentarios